24фудбал

Ајнтрахт му ја соопшти цената на Милан за Ребиќ, добро ќе се офајди и Фиорентина

Анте Ребиќ кој влезе во фантастична форма се уште играч на Ајнтрахт, Милан ќе треба да го одврзе ќесето за да го ангажира фудбалерот на Ајхтрахт.

Италија

Ајнтрахт Франкфурт побарал од Милан 40 милиони евра за Анте Ребиќ, а од тие околу 20 милиони евра ќе завршат на сметката на Фиорентина.

Ребиќ во Милан дојде на двегодишна позајмица во замена за Андре Силва, во договорот меѓу двете страни нема поставено временска рамка до кога росонерите можат да го направат трансферот перманентен.

Хрватот бавно ја почна сезоната, но под водство на Стефано Пиоли тој стана незаменлив во стартниот тим откако даде шест голови на последните седум меча во Серија А.

Фиорентина ќе има одличен ќар ако трансферот се реализира, тие во 2018 година му го продадоа Ребиќ на Ајнтрахт за 2 милиони евра но со клаузула да добијат 30 до 50 проценти од неговиот следен трансфер.