24фудбал

Зијеш го посочи Лампард како главна причина за трансферот во Челси

Челси има богата клупска каса за засилувања на лето, а првото секако е Хаким Зијеш, плејмејкерот кој сигурно ќе донесе голема свежина во средниот ред во составот на Френк Лампард, како и квалитет истовремено.

Англија

Фудбалерот на Ајакс, Хаким Зијеш беше интересен за неколку екипи во европската фудбалска петорка, меѓутоа тој на крајот го одбра Челси, а го посочи шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот, Френк Лампард како главна причина за таквиот исход.

26 годишниот Зијеш официјално ќе му се приклучи на Челси на лето откако обата клуба се договорија за трансфер вреден 37 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред.

Мароканецот се договори за петгодишна соработка со Челси, а ќе стане член на Премиерлигашот од 1 јули годинава, а до крајот на актуелната сезона ќе му помогне на Ајакас.

Тој одигра голема улога во сево ова, имавме малку контакти во изминатите неколку седмици и ми даде убаво чувство, толку големо за да донесам таква одлука“ изјави Зијеш за официјалниот клупски сајт на Челси.

Зијеш во својата изјава додаде дека Челси е голем клуб во едно големо натпреварување како Премиерлигата, посочувајќи дека посебно му се допаѓа стилот на игра кој го оцени како атрактивен фудбал.

Ајакс сезонава испадна уште во групната фаза од Лигата на шампионите, а Челси во истата група заврши како првопласиран, како и да е, во холандската „Ередивизие“, на Ајакс му претстои докрај битка за титулата во тоа првенство.