Категорија: Англија 24.02.2020 18:25
Граник Џака беше во центарот на вниманието по конфронтацијата со навивачите на Арсенал, по што следеше и одземање на капитентската лента кај Швајцарецот, а на големо се шпекулираше дека неговите денови во тимот од Лондон се веќе изброени.
Како и да е, Микел Артета успеа да го убеди ситуацијата да се смири, наведувајќи дека тој е доста важен дел од составот на „Топчиите“, се чини дека кризната ситуација од октомври ланската година сега е под контрола.
Од тогаш, па наваму, формата на Џака оди во нагорна линија, а Швајцарецот има доста импресивни перформанси во дресот на „Топчиите“ изминатиов период, но, самиот тој не крие дека би размислил два пати во случај клубот повторно да му укаже прилика да ја стави на себе капитентската лента.
„Доколку еден ден клубот ме праша за капитентската лента, ќе морам два пати да размислам за тоа“ вели Џака во изјавата за „Стандард Спорт“, а Швајцарецот не крие дека по мечот против Кристал Палас каде се случи конфронтацијата со фановите на Арсенал сметал дека тоа било последен меч за тој клуб.
„Да, не можам да лажам, тоа беше моментот, бидејќи сето тоа не беше воопшто лесно ниту за мене, ниту за моето семејство, се надевам луѓето ќе го разберат ова, но, сметам дека покажав карактер, не сум човек што едноставно ќе избега, секогаш велам во клубот дека кога сум тука, ќе дадам максимум од себе да помогнам“ додава Швајцарецот.
27 годишниот фудбалер ја носеше капитентската лента на Арсенал во ремито кај Кристал Палас претходниот месец, меѓутоа не инсистирал на такво нешто, туку на тоа го навеле неговите соиграчи Сократис и Давид Луиз.