24фудбал

Жоржињо: Доколку работите тргнат на лошо во дуелот со Баерн...

Бразилецот со италијански пасош повика на трпеливост и смиреност во пресрет на пресметката со „Баварците“, вели дека тоа е рецептот за успех во натпревар од висок карактер како овој.

Лига на Шампиони

Челси утревечер на домашен терен го пречекува Баерн Минхен во првата пресметка помеѓу обете екипи во осминафиналето од Лигата на шампионите, а домаќините на мечот влегуваат по домашната победа над Тотнем во градското дерби на Лондон изминатиов викенд.

Еден од клучните фудбалери во составот на Френк Лампард, Жоржињо смета дека Премеирлигашот треба да биде трпелив, како и внимателен и фокусиран на одредени детали од мечот, меѓутоа повика на смиреност доколку работите тргнат на лошо.

Треба да бидеме внимателни, истовремено и фокусирани на некои детали, бидејќи на големи натпревари како овој ситуацијата налага да сме такви. Претстојат два меча против Баерн Минхен, не смееме да го загубиме умот и да полудиме доколку работите тргнат на лошо, треба да бидеме трпеливи, а истовремено и паметни“ изјави Жоржињо.

Ние треба да се бориме, да трчаме, треба да веруваме во себе кога сме со топката, а кога ќе се браниме, тоа да го правиме сите заедно, тоа е рецептот за успех на натпревар како овој од повисоко ниво“ додаде фудбалерот на Челси.

Освен Челси – Баерн Минхен, на програмата утревечер во истиот термин од 21 часот се игра и дуелот помеѓу Наполи и Барселона.