24фудбал

Пике: Мораме да бидеме внимателни против Наполи, го победија Јувентус, а истото го сторија и против Ливерпул

Сосема очекувано, столбот во одбраната на Каталонците беше запрашан и за често поставуваната дилема околу Меси и Марадона, тој го посочи неговиот клупски соиграч и ја наведе причината за тоа.

Лига на Шампиони

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике вели дека Наполи може да им направи проблеми на Каталонците, а обете екипи ќе ги одмерат силите утревечер на терен на италијанскиот вицепрвак во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Ние треба да стравуваме, имаме зошто тоа да го правиме од Наполи, иако тие не ја почнаа сезоната на добар начин, тие се подобрија изминативе неколку седмици“ изјави Пике на пресконференцијата во пресрет на дуелот.

Наполи има добар состав со фудбалери како Мертенс, Инсиње, Милики, тие можат да ни направат многу проблеми а теренот, особено тоа може да ни се случи ако излеземе на теренот со погрешен менталитет“ додава тој.

Ќе се обидеме да ја играме нашата игра, важно ќе биде за нас да погодоциме, за нас играњето во Неапол е едно ново искуство, меѓутоа треба да бидеме внимателни, Наполи се разви во една навистина квалитетна екипа која го победи Јувентус, а во групната фаза истото го стори и против Ливерпул“ издвои Пике кој потоа мораше да прецизира Марадона или Меси.

Сее кажано во однос на Марадона, тој беше уникатен фудбалер кој му даде многу на овој спорт, играше во Барселона, но и во Наполи, ќе биде запаметен засекогаш, а доколку ме прашувате за компарација помеѓу Марадона и Меси, ќе ја издвојам константноста на Меси, ако ја земеме во предвид неговата магија на терените веќе неколку години“ заклучи Пике.