24фудбал

„Марка“: Реал Мадрид во Халанд има поевтина алтернатива наместо Мбапе

Со оглед на фактот што Барселона силно се поврзува со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој исто беше опција за Реал Мадрид, сега „Кралевите“ имаат доста поевтина опција за нив во однос на приоритетот на листата на желби, Мбапе.

Шпанија

Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд продолжи онаму каде што застана во Салцбург, а веројатно е дека ги надмина очекувањата дури и кај оние кои очекуваа дека ќе блесне во дресот на „Милионерите“.

19 годишниот норвешки напаѓач на 8 настапи во дресот на Бундеслигашот успеа да постигне фантастичен учинок од 12 погодоци, а тој постојано се поврзува со повеќе гиганти и покрај тоа што во јануарскиот преоден рок се пресели во Германија.

„Марка“ пишува дека Халанд би можел да биде поевтина алтернативна опција за Реал Мадрид во однос на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Мбапе подолг период се поврзува со „Кралевите“, каде Зинедин Зидан познато е дека има големи симпатии во играта на својот сонародник.

Како и да е, Халанд, чија откупна клаузула во висина од 75 милиони евра ќе биде активирана идната година, наводно веќе го кренал на високо ниво заинтересираноста во Реал  Мадрид за неговиот потпис, наместо Мбапе, за чии услуги ПСЖ има високи барања од финансиски карактер.