24фудбал

Си тераат мајтап со Арсенал, Гнабри во Лондон има повеќе погодоци од 80 милиони вредното засилување Пепе!

Серж Гнабри се прослави на уште едно гостување во Лондон, Германецот вечерва погоди два пати против Челси па новата одлична партија беше повод за мајтап на сметка на Арсенал.

Англија

Напаѓачот, пет години беше дел од Арсенал, но не се изнаигра и најпрво направи трансфер во Вердер, па од Бремен се пресели во Баерн. Во Минхен тој покажува зошто важеше за еден од поперспективните фудбалери во својата генерација, а особено инспирација добива на гостувањата во Лондон.

Пред неколку месеци, на Тотнем му даде четири гола а вечерва два пати ја тресеше мрежата на Челси. Новата одлична партија беше повод за матај на сметка на „топчиите“

Додека беше дел од Арсенал, тој не погоди ниту еднаш во Лондон, а со Баерн на два меча постигна дури шест гола.

„Топчиите“ веројатно повеќе ги боли една друга статистика, Серж Гнабри во Лондон има повеќе погодоци од големото летно засилување Пепе, играч за кој беа платени рекордни 80 милиони евра. Репрезентативецот на БСК, постигна четири гола против клубовите од Премиерлигата.

Арсенал го продаде Серж Гнабри за скромни 5-6 милиони евра.