24фудбал

Гнабри не се задоволи со двата гола, мораше и да го „пецне“ Челси на Твитер (ФОТО)

Серж Гнабри го предводеше Баерн Минехн до убедлив триумф од 0-3 на гостувањето на Стемфорд Бриџ, а двата погодока како да му беа малку, па Германецот реши и да провоцира на социјалните мрежи.

Лига на Шампиони

„Баварците“ со една нога веќе се во четвртфинале од Лигата на шампиони откако вечерва со 0-3 славеа кај Челси. Лондон повторно беше инспирација за Серж Гнабри, кој два пати ја тресеше мрежата на „сините“.

Како головите да му беа малку, па младиот Германец реши да провоцира на социјалните мрежи и да покаже дека не ги заборава петте години поминати во Арсенал. Тој објави слики од неговото славје и напиша: „Лондон се уште е црвен“.

Сличен пост имаше и кога во октомври го потопи Тотнем со четири гола, тогаш напиша „Северен Лондон е црвен“.