24фудбал

Поради коронавирусот фудбалерите на Лудогорец со маски пристигнаа во Милано (ФОТО)

Утрешниот меч меѓу Интер и Лудогорец ќе се игра пред празен стадион, а фудбалерите на бугарскиот тим не оставаа ништо на случајот, тие со маски пристигнаа во Милано.

Лига Европа

Северна Италија е жариштето на коронавирусот во Европа, а утре Лудогорец треба да одигра натпревар во Милано.

Дуелот од Лига Европа меѓу Интер и Лудогорец ќе се игра пред празни трибини. А бугарскиот тим денеска со маски пристигна во Милано.