24фудбал

Страв од корoнавирус и во Џенова, соиграч на Пандев тренира сам

Коронавирусот направи мал хаос во фудбалскиот клуб Џенова, дефанзивецот Едоардо Голданига тренира сам бидејќи неговото семејство живее во Кодоњо, епицентарот на заразата во Италија.

Италија

По веста дека играч на третолигашот Пјанезе е прв случај на коронавирус во Калчото, од Италија пристигнува информација дека вирусот направил мал хаос и во Џенова.

Соиграч на нашиот Горан Пандев тренира сам и во моментов нема контакт со останатиот дел од тимот. Се работи за дефанзивецот Едоардо Голданига, кој во моментов е здрав и сите тестови се негативни.

Но како што пренесува Ил Секоло, фудбалерот и Џенова се договориле тој да стои понастрана од другите како знак на претпазливост. Ваков потег е повлечен поради тоа што родителите на Голданига и голем дел од неговото семејството живее во Кодоњо, епицентарот на заразата во Италија, па постои одреден ризик.