24фудбал

УЕФА потврди, Европското првенство ќе почне во Италија и покрај коронавирусот

Првиот натпревар на Европското фудбалско првенство ќе се одигра во Рим како што беше и планирано, УЕФА нема да ја смени локацијата и покрај тоа што Италија е главното жариште на коронавирусот во Европа.

ЕВРО 2020

Европското првенство кое се игра оваа година е распрскано низ повеќе градови низ континентнот, а еден од домаќините е и Рим.

Голем дел од натпреварите во Италија се играат без публика поради коронавирусот, па неизвесно беше како ќе реагира УЕФА со оглед на тоа што ЕП треба да почне од Рим.

„ЕП 2020 ќе почне на 12 јуни 2020 во Рим. УЕФА е во контакт со релевантните светски и локални авторитети во врска со коронавирусот. Во моментов нема потреба од промена на било што во планот на одигрување на натпреварите. Ситуацијата постојано ќе ја следиме“, изјави портпаролот на УЕФА.

Европското првенство треба да се игра во 12 различни европски земји, се очекува патување на многу фудбалски фанови низ градовите каде што ќе се одржува настанот, а ситуацијата со коронавирусот ја прави целата состојба сложена.