24фудбал

Ливерпул е на прагот на прва титула во Премиерлигата по 30 години, но може да остане со празни раце поради коронавирусот?!

Медиумите од Англија пишуваат за едно лудо сценарио според кое Ливерпул може да остане без титулата во Премиерлигата доколку сезоната биде прекината поради коронавирусот.

Англија

Избраниците на Јирген Клоп имаат неверојатна сезона со 26 победи на 27 натпревари. Ливерпул има предност од 22 бода на врвот на табелата и полека им се насмевнува титулата од Премиерлигата, прва по 30 години.

„Црвените“ на своето конто треба да придодадат уште 12 бода за да станат шампиони на Англија, и само прашање на време е кога ќе го освојат трофејот. Сепак, медиумите од Англија пишуваат за едно лудо сценарио според кое клубот од Енфилд може да остане со празни раце.

Во моментов, коронавирусот предизвикува голем хаос во многу земји, па постои можност властите од Велика Британија да ја прекинат сезоната. Телеграф пишува дека при ваков случај, нема гаранции дека Ливерпул ќе биде прогласен за шампион.

„Брзото ширење на вирусот ја отвара можноста владата да нареди откажување на сите спортски настани во Велика Британија во следните два месеци, тоа би значело дека некој натпревари нема да се одиграат никогаш. Доколку сезоната во Премиерлигата не се комплетира, најверојатно ќе бидат одржани кризни состаноци за да се одлучи дали претходните резултати ќе останат како важечки или пак целата сезона ќе се поништи. Врз конечната одлука ќе влијае бројот на одиграни натпревари, како што се применува слична практика во други спортови кога има откажувања, и резултатот важи ако е комплетиран одреден процент“ – вели извештајот на Телеграф.

Истото важи и за трите екипи кои се на дното од табелата (во моментов се Вест Хем, Вотфорд и Норич), не се знае дали тие ќе бидат пренесени во понизок ранг бидејќи нема јасни и специфична правила за тоа што ќе се прави при едно вакво сценарио.