24фудбал

Сон во изолација штом се врати од операција

Жозе Мурињо е во проблеми во завршниот дел од сезоната во Премиерлигата, викендов имаат мошне важен меч пред своја публика, а освен Кејн, на подолг рок се повреди и Сон, кој ќе има посебен третман во клубот поради коронавирусот.

Англија

Фудбалерот на Тотнем, Сон ќе мора да биде во самоизолација по враќањето од Јужна Кореја на Островот поради тоа што Премиерлигашот сака да ги почитува мерките за коронавирусот кој го тресе сиот свет.

Напаѓачот се врати во својата земја овој месец поради операција на раката откако се здоби со истата повреда на мечот против Астон Вила, со тоа што интернационалецот од Јужна Кореја, а практично тоа е обнова на повредата која ја имаше пред три години, по што одново ќе прави операција.

Сон се врати во својата татковина пред власта во истата да воведе посебен безбедносен протокол во поглед на патувањата во, како и вон таа земја, поради коронавирусот.

Како што е предвидено, Сон ќе биде вон тренинг центарот на Тотнем 14 денови, со тоа што офанзивецот нема да има никаков контакт со своите соиграчи од составот на тимот од Лондон.

Шефот на стручниот штаб на Тотнем, Жозе Мурињо потврди дека клубот ги следи сите процедури околу медицинските совети кои ги добива со оглед на ситуацијата која владее генерално.

Сметам дека нормалните совети доаѓаат од авторитетните лица по тоа прашање, доаѓаат од властите, не би сакал да додадам никаков коментар на оваа тема, не сум ништо посебно во овој случај, не сум посебен да коментирам вакви раоти, јас само добивам совети како да се постапува по ова прашање, мојот клуб истото го добива од властите, ги следиме сите предвидени процедури“ рече Мурињо.

Викендов во рамките на 28 коло од Премиерлигата, Тотнем пред своја публика го пречекува Вулверхемптон, а кога сме веќе кај Сон, се уште не е познато дали ќе се врати на терените до крајот на актуелната сезона поради скршеницата на раката.

27 годишниот Сон сезонава во Премиерлигата на 21 настап успеа да реализира 9 погодоци.