24фудбал

Јувентус ги стопираше тренинзите и воведе карантин поради коронавирусот, резервите не смеат да мрднат од дома

Од таборот на „старата дама“ вечерва соопштија дека се стопирани сите тренинг сесии на У23 тимот и сите играчи се во карантин откако тројца фудбалери на Пјанезе биле позитивни на коронавирусот.

Италија

Пред неколку дена пристигна информација за првиот заразен во Калчото, фудбалер на треголигашот Пјанезе бил позитивен на коронавирус. Вирусот се проширил и во клубот, се заразиле уште тројца играчи и тим менаџерот.

Ова предизвика и реакција во редовите на Јувентус со оглед на тоа дека токму У23 тимот на „старата дама“ играше против Пјанезе минатиот викенд.

Од таборот на „бјанконерите“ вечерва порачаа дека се стопирани сите тренинг сесии на резервите и сите играчи се во карантин. Тие не смеат да мрднат од своите домови до 8. март и покрај тоа што никој не покажува симптоми на болест.