24фудбал

Тевез го има рецептот за успех: Го бакна Марадона во уста па донесе титула за Бока! (ВИДЕО)

Бока јуниорс утрово стигна до титулата од првенството на Аргентина, Карлос Тевез беше херојот откако во финишот од мечот го постигна голот вреден три бода.

Јужна Америка

Карлос Тевез помогна Бока јуниорс да стигне до титула од првенството на Аргентина, ветеранот утрово донесе триумф од 1-0 над Гимназија Ла Плата. Напаѓачот во 72. минута силно биеше од далечина и ја затресе мрежата на гостите за огромна радост на „Ла Бомбонера“.

Со овие три бода, и благодарејќи на киксот на Ривер Плата, Бока Јуниорс се најде на врвот на табелата со само еден позитива во однос на лутиот ривал.

Интересен момент се случи пред почетокот на мечот, кога Карлос Тевез се упати кон клупата на Гимназија за да се поздрави со Диего Марадона, и го бакна во уста.