24фудбал

Рома најде начин како да ја заобиколи забраната на Шпанија, но играчи на Севиља не сакаат да играат со нив

Натпреварот од Лига Европа меѓу Севиља и Рома е под знак прашалник поради тоа што некои играчи на шпанскиот тим одбиваат да играат поради коронавирусот.

Лига Европа

Шпанија ги забрани сите летови од Италија, па Рома беше пронудена да наоѓа алтернативен начин за да стигне до Севиља.

Тие успеаа во тоа, ќе патуваат прво до Португалија па од таму ќе влезат во Шпанија и на тој начин ќе ја заобиколат забраната на шпанските власти.

Според „Ил Месинџеро“, Рома планира со авион да стигне до Фаро во Португалија, а од таму до Севиља да патува со автобус.

Тој проблем ќе го решат, но се јавува друг.

„Калчомеркато“ пишува дека неколку фудбалери на Севиља не сакаат да играат против Рома поради коронавирусот.

Некои од нив дури и не сакаат да продолжат да играат во Примера додека не исчезне болеста која го поремети функционирањето на целиот свет.

Останува да видиме дали тие ќе бидат убедени да играат или натпреварот ќе биде откажан, бидејќи голема е веројатноста Севиља да не сака да игра ако го нема целиот состав на располагање.