24фудбал

Што сега со Лига Европа? Рома поради коронавирусот не отпатува за Севиља

Рома попладнево соопшти дека нема да патува за Севиља откако властите во Шпанија не дале дозвола за летот, се најавуваат повеќе детали од УЕФА.

Лига Европа

„Волчицата“ требаше попладнево да летне за Шпанија за мечот против Севиља во Лига Европа, но експедицијата на Рома остана во Рим.

„Џалоросите“ се огласија на социјалните мрежи за да соопштат дека летот не добил дозвола од властите во Шпанија, и најавија дека повеќе детали ќе обезбеди УЕФА.

Поради епидемијата од коронавирус која ја зафати Италија, Шпанија ги забрани сите летови од „џизмата“. Се говореше дека Рома може да ги заобиколи правилата со тоа што ќе лета до Португалија, па од таму со автобус да патува до Севиља, но очигледно ваквото сценарио нема да се реализира.

Сега на потег е УЕФА да одлучи што понатаму со Лига Европа. Синоќа од таборот на Гетафе се заканија дека следната недела нема да гостуваат кај Интер, па макар и тоа да значи службен пораз.