24фудбал

Од Хетафе се заблагодарија на УЕФА, постои една интересна опција за дуелот со Интер

Веќе имаме два меча од осминафиналето во Лига Европа кои се одложени, меѓутоа од УЕФА инсистираат на тоа дека одлуката за ваквиот потег најмногу се однесува поради рестрикциите на шпанските власти за патување во/од Италија.

Лига Европа

Од Хетафе упатија јавна благодарност до европската куќа на фудбалот – УЕФА, од каде донесоа одлука да не се игра дуелот помеѓу шпанскиот прволигаш и Интер, истото се однесува и на дуелот помеѓу Севиља и Рома.

Причината за таквата одлука е веќе добро позната на пошироката јавност, Рома не отпатува за Шпанија поради тоа што не беше во можност да ја исполни програмата за да се усогласи со бараниот тајминг од шпанските власти, а од друга страна пак од Хетафе јавно се заканија дека нема да играат против Интер па и по цена да загубат службено.

Ние добивме допис од УЕФА во кое сме информирани дека утрешниот меч нема да се игра“ изјави директорот на Хетафе, Клементе Вилаверде, но вреди да се напомене дека одлуката на УЕФА најмногу се однесува поради рестрикциите околу патувањето кои ги воведоа шпанските власти, а се однесува токму на Италија, земја која во моментов е најзасегната со коронавирусот во Европа.

Како клуб јавно се заблагодаруваме на УЕФА за нивната поддршка во моменталната ситуација, ќе ја прифатиме нивната одлука за тоа кога мечот би требало да се одигра, не знаеме се уште каква ќе биде одлуката, но, веруваме дека тоа ќе биде најдобрата опција за сите инволвирани“ додаде Вилаверде наведувајќи дека една опција е во игра, а тоа е да се игра еден меч на неутрален терен.

Постои можност да се одигра еден меч на неутрален терен, тоа е поверојатно отколку да се играат два натпревари, во секој случај, ние ќе ја прифатиме одлуката од УЕФА, каква и да е“ заклучи тој во своето обраќање.