24фудбал

Тролање или манири како на мал клуб? Сите играчи на ПСЖ ја копираа прославата на Халанд (ФОТО)

ПСЖ се пласираше во четвртфинале откако со 2-0 го доби реваншот против Борусија Дортмунд, по крајот на натпреварот „светците“ испратија провокација до Ерлинг Халанд и целиот тим ја копираше прославата на Норвежанецот.

Лига на Шампиони

Шампионот на Франција претходните три години го завршуваше настапот во Лигата на шампиони уште во првата нок-аут рунда. И сега им се закануваше елиминација во осминафинале откако на првиот меч загубија на гостувањето во Дортмунд со 2-1. Младиот Ерлинг Халанд, со два гола, ги предводеше „милионерите“ до триумф.

Сепак, избраниците на Тухел денеска ја надополнија негативата и пред празни трибини на „Паркот на принцовите“ го добија реваншот со 2-0.

По крајот на натпреварот, сите играчи на ПСЖ му се радуваа на прогресот во четвртфинале копирајќи ја прославата на Ерлинг Халанд. За некого ова е тролање на Норвежанецот, но други сметаат дека се манири на мал клуб.

Ерлинг Халанд има само 19 години, а на другата страна тим на кој се потрошени преку 500-600 милиони евра со еден куп ѕвезди предводени од најскапиот фудбал Нејмар, чија цел е титулата во Лигата на шампиони а не поминување на првата нок-аут фаза.