24фудбал

Клоп: Не ми е јасно зошто Атлетико игра таков фудбал!?

Јирген Клоп беше вознемирен по елиминацијата од Атлетико Мадрид, Германецот не разбира како Симеоне може да игра толку дефанзивен фудбал.

Лига на Шампиони

Ливерпул се изнапромашува на мечот против Атлетико Мадрид, креираа многу шанси, но Облак беше фантастичен. Симеоне си го играше својот стил и на крајот не само што се пласира понатаму, туку тоа го направи со победа од 3-2.

„Ги видовме сите голови кои ги примивме, не треба да примаме такви голови. Тешко е да се објаснат овие голови, но тоа е“, вели Клоп.

„Не ми е јасно зошто Атлетико игра таков фудбал. Со фудбалерите кои ги имаат можат да играат вистински фудбал но тие се бранат и играат на контри“.

„Знам дека сум многу лош губитник, особено кога момците ќе изгинат на теренот против фудбалери од светската класа кои се бранат во два реда од по четири фудбалери. Да бидам искрен, не се чувствувам добро вечерва“.

„Би можел да кажам многу работи и би изгледал како најлошиот губитник во светот. Не го разбирам начинот на кој играат тие. Но победија“.