24фудбал

Голем потег на Манчестер јунајтед, ги покрива трошоците на навивачите за гостувањето кај ЛАСК

Поради мерките за спречување на коронавирусот, вечерашниот меч во Австрија, како и сите останати ќе се играат без присуство на публика, а навивачите на Манчестер јунајтед немаат потреба за грижа од финансиски карактер.

Лига Европа

Манчестер јунајтед парично ќе им надомести на своите 700 навивачи кои планираа да присуствуваат на трибините за гостувањето кај ЛАСК во Австрија, за првиот меч помеѓу обете екипи во осминафиналето од Лига Европа денеска.

Меѓутоа, во меѓувреме поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, падна одлука мечот да се одигра без присуство на публика, па така од Манчестер јунајтед одлучија на секој навивач да му исплати по 350 фунти за да се покријат трошоците за патувањето и хотелите, а истовремено ќе изврши и рефундирање на влезниците за вечерашниот меч.

Голем гест на Манчестер јунајтед кои наиде на пофалби од навивачите, а овој гест ќе го чини клубот околу 240,000 фунти.

Интересно е тоа што од Манчестер јунајтед ги известиле навивачите преку СМС порака, со што истовремено им се заблагодариле и на поддршката, најавувајќи дека предвидениот износ ќе им биде префрлен на нивната сметка во рок од пет работни денови.