24фудбал

Манчестер јунајтед немаше милост за ЛАСК и му даде пет гола среде Линц (ВИДЕО)

„Ѓаволите“ продолжуваат со одличните партии, вечерва избраниците на Оле Гунар Солшер триумфираа со убедливи 5-0 на гостувањето кај ЛАСК во Лига Европа.

Лига Европа

Манчестер јунајтед уште вечерва ги реши дилемите за тоа кој ќе патува во четвртфинале, на гостувањето во Линц, славеше против ЛАСК со убедливи 0-5.

Избраниците на Оле Гунар Солшер немаа милост за противникот, не запреа ниту кога се беше јасно кој е кој во мечот, и во судиското надополнување му дадоа два гола на противникот за помалку од 90 секунди.

Резултатот беше отворен во 28. минута, Игало одлично смири една топка и од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо за 0-1.

Половина час подоцна, Џејмс доби топка во фор и реализираше за 0-2, а Мата од пенал погоди за 0-3 во 82. минута. Младиот Гринфуд и Переира го дотолчија противникот со голови во 91. односно 93. минута.

На останатите два натпревари од 18:55 часот, Базел го изненади Ајнтрахт и со 0-3 триумфираше во Франкфурт, а Башакшехир во последните минути стигна до победа од 1-0 над Копенхаген.