24фудбал

Леверкузен го реши Ренџерс во Глазгов па од трибината полета шише пиво кон гостинските играчи (ВИДЕО)

Баер Леверкузен со една нога е помеѓу осумте најдобри во Лига Европа откако вечерва со 1-3 триумфираше на гостувањето кај Ренџерс, еден домашен фан тешко се помири со поразот па со стаклено шише пиво ги гаѓаше гостинските играчи.

Лига Европа

„Фармацевтите“ се чини дека ги решија сите дилеми за четвртфинале уште на првиот меч. Вечерва во Глазгов го надиграа Ренџерс и стигнаа до победа од 1-3.

Каи Хаверц од пенал го отвори резултатот во финишот на првиот дел, а Арангиз во 67. минута зголеми на 0-2. Едмундсон ја врати надежта на домаќините во 75. минута, но во последните минути од натпреварот, Бејли реализираше за 1-3.

Еден домашен навивач тешко го прифати поразот, па кога Бејли и соиграчите го прославуваа голот, од трибината кон нив полета стаклено шише пиво.

На преостанатите два натпревари од 21 часот, Шахтар со 1-2 триумфираше кај Волфзбург, а Олимпијакос и Лестер одиграа 1-1.