24фудбал

„Луѓето се разболуваат и умираат а ние играме фудбал...“ – тренерот на Волвс жестоко распали по фудбалските власти

Предводникот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто жестоко распали по фудбалските власти кои одбиваат да ја прекината сезоната и покрај епидемијата на коронавирус.

Лига Европа

„Волците“ не сакаа да гостуваат во Атина откако сопственикот на Олимпијакос откри дека е позитивен на коронавирус, побараа од УЕФА да им го одложи натпреварот, но Европската куќа на фудбалот им нареди да патуваат во Грција.

Синоќа имаше фудбал на „Караискакис“, а по крајот на мечот кој заврши 1-1, Нуно Еспирито Санто жестоко распали по фудбалските власти.

„Играме со тешко срце со оглед на моменталната ситуација. Луѓе ширум целиот свет се разболуваат и умираат а ние играме фудбал... Тоа е апсурдно“ – порача тренерот на Волвс.