24фудбал

Немаше голови на бразилското дерби во Копа Либертадорес но затоа летаа боксови, клоци и осум црвени (ВИДЕО)

Лутите ривали од Порто Алегре, Гремио и Интернасионал утрово се сретнаа во Копа Либертадорес, натпреварот заврши без голови, но затоа летаа боксови и клоци, а беа покажани дури осум црвени картони.

Јужна Америка

Додека натпревари во Eвропа се одложуваат поради коронавирусот, во Јужна Америка се игра фудбал пред полни трибини. Утрово на програмата беа дуелите од второто коло во Копа Либертадорес а дерби на денот беше пресметката помеѓу Гремио и Интернасионал.

Лутите ривали од Порто Алегре не понудија многу, голови немаше, шанси исто така, но затоа пред финишот од мечот настана масовна тепачка. Летаа боксови и клоци, играчите се бркаа по теренот, за на крајот судијата да покажа дури осум црвени картони.