24фудбал

УЕФА ги одложи мечевите од Лигата на шампиони и Лига Европа како и ждрепките

Европската куќа на фудбалот соопшти дека поради пандемијата на коронавирус, одложени се мечивте од Лигата на шампиони и Лига Европа кои требаа да се играат следната недела, како и ждрепките.

Лига на Шампиони

Услови за фудбал нема, па УЕФА иако одбиваше да попушти, денеска реши дека се одложуваат натпреварите од Лигата на шампиони и Лига Европа кои требаше да се играат следната недела, односно реваншите од осминафиналето.

Следната недела исто така нема да бидат одржани сите останати пресметки од натпреварувањата под капата на УЕФА, ниту пак ждрепките за ЛШ и ЛЕ, а што понатаму, во моментов нема информација.

Европската куќа на фудбалот за во вторник закажа состанок на кој ќе се одлучи како ќе се продолжи во иднина со оглед на тоа дека и фудбалери почнаа да се заразуваат со коронавирус, а во светот е прогласена пандемија.