24фудбал

Роналдињо понудил 1,6 милиони долари за да излезе од затвор и да седи во куќен притвор

Медиумите од Бразил пренесуваат дека адвокатот на Роналдињо понудил 1,6 милиони долари за поранешниот ас на ПСЖ, Барселона и Милан и неговиот брат да излезат од затвор и да седат во куќен притвор, но предлогот бил одбиен.

Јужна Америка

Уште еден неуспешен обид на Роналдињо да излезе од затвор во Парагвај. Според пишувањата на УОЛ, адвокатот на Бразилецот во петокот доставил нова жалба, која веднаш била одбиена.

Тој побарал поранешниот ас на ПСЖ, Барселона и Милан и неговит брат, наместо зад решетки, да бидат сместени во куќен притвор а како гаранција понудил 1,6 милиони долари.

Популарниот Дињо ќе требал да престојува во изнајмен апартман во Асунсион, а за да докаже дека нема намера да избега, било предложено имотот да биде под постојан надзор на полицијата.

Сепак, судијата не го прифатил барањето, па Бразилецот останува во затвор.