24фудбал

Го плукаа и навредуваа газадата на Хофенхајм а тој сега ќе обезбеди вакцина против коронавирус!

Сопственикот на Хофенхајм, Дитмар Хоп пред петнаесетина дена беше мета на навивачите ширум Германија, кои го плукаа и го навредуваа, а тој сега ќе обезбеди вакцина против коронавирусот.

Германија

Пред две недели, на дуелот помеѓу Хофенхајм и Баерн се случи голем скандал, мечот два пати беше прекинуван откако гостинските навивачи го навредуваат сопственикот на домаќините Дитмар Хоп. Во последните 15 минути од мечот немаше фудбал, фудбалерите само си ја подаваа топката во знак на подршка. Тој викенд на уште неколку терени имаше слични инциденти, навивачите го плукаа милијардерот.

Газдата на Хофенхајм сега повторно е во фокусот на јавноста, една од компаниите во која е инвеститор, ќе обезбеди вакцина против коронавирус.

Се работи за компанијата КјурВак (CureVac) со седиште во Тибинген и преставништа во Франкфурт и Бостон.

Претседателот на САД, Доналд Трампд веќе понудил една милјарда долари за да ја купи вакцината и да има екслузивно право, односно таа да може да се употребува само во САД.

Владата на Германија веднаш се побуни, исто како и Дитмар Хоп, кој порача дека вакцината треба да биде достапна за сите луѓе ширум светот.