24фудбал

Англиската јавност гневна на младата ѕвезда на Челси, наместо да седи во карантин излегол да игра фудбал во парк

Мејсон Маунт го навлече гневнот на целата англиска јавност и на раководството на Челси откако изминатиов викенд решил да избега од карантин и да игра фудбал во парк со другарите и фудбалерот на Вест Хем, Деклан Рајс.

Англија

„Сините“ се во изолација откако Калум Хадсон Одои беше позитивен на коронавирус, но очигледно не може секој лесно да се справи со карантинот од 14 дена. Младиот Мејсон Маунт го навлече гневот на целата англиска јавност и на раководството на Челси со своето неодговорно однесување.

Вчера тој избегал од карантин за со пријателите и Деклан Рајс од Вест Хем, да игра фудбал во парк.

„Го однесов мојот 14 годишен син да тренира, кога се паркираше еден автомобил. Излегоа тројца или четворица, а мојот син го препозна Мејсон Маунт. Играа пет на пет, носеа маски на лицето, не знам дали за да се заштитат или пак да го прикријат идентитетот“ – раскажува за Мирор човек кој бил присутен на теренот со вештачка трева во Трент Парк во Северен Лондон.