24фудбал

Канаваро открива како е во Кина: Полиција ти доаѓа дома да измери температура, ако не те најде, ќе бидеш депортиран

Фабио Канаваро ги повика луѓето во Италија и Европа да останат дома за да се спречи ширењето на коронавирусот, вели дека на почетокот сите им се смееле на Кинезите, но сега сите треба да учат од нив.

Останато

Капитенот на „аѕурите“ од шампионската генерација на СП 2006, долги години е дел од фудбалот на Кина, во моментов е тренер на шампионот Гуангжу Евергранде. Во разговор со Газета дело Спорт, поранешниот дефанзивец говореше за случувањата во Кина и за начинот на кој оваа земја се бори со коронавирусот.

Фабио Канаваро, кој во моментов е во карантин од 14 дена откако неодамна се врати во Кина од Дубаи, исто така ја искористи оваа прилика да испрати апел до сите во Италија и Европа да останат дома за да се спречи ширењето на заразата.

„Мораме да бидеме дома. Полицијата може да дојде во секое време да ви измери температура, но поважно, да провери дали сте во изолација. Доколку не ве најдат, ќе бидете депортирани. Откако ќе заврши периодот на изолација, ќе ни направат нови тестови и ќе ни дадат документи со кои ќе можеме да патуваме“ – вели Италијанецот.

„Во моментов работите се вратени во нормала. Можете да видите луѓе по рестораните, како се шетаат без маски. Пред еден месец, немаше жив човек на улица. Еден ден, кога патував кон тренинг центарот, по пат не сретнав ниту еден автомобил, само полициски контроли и амбулантни возила...“

„Знам дека многумина им се смееја на Кинезите, си мислеа дека вирусот нив нема да ги погоди. Сега Кина ја победи пандемијата, а цела Европа мака мачи. Како ја победи? Со строго почитување на насоките од властите, заеднички ја надминаа кризата. Луѓето останаа дома, тое е еиднствениот начин да се сопре ширењето на вирусот. Затоа сите во Европа треба да останат дома“.