24фудбал

„Денот Д“ за фудбалот во Европа: УЕФА ќе бара 300 милиони евра за да го одложи ЕВРО 2020

Европската куќа на фудбалот на денешната средба со клубовите и првенствата ќе побара 300 милиони евра за одложување на ЕВРО 2020.

Останато

Денеска ќе се решава иднината на фудбалот во Европа. Во 10 часот е закажан првиот состанок (очигледно преку видеоконференција), УЕФА ќе разговара со асоцијацијата на клубовите (ЕКА), Асоцијацијата на првенствата (ЕЛ) и асоцијацијата на фудбалери (ФИФПро).

Во 13 часот ќе започне вториот состанок, со 55-те федерации членки, и конечно во 14 часот ќе биде извршниот комитет на УЕФА.

Целта ќе биде да се одложи ЕВРО 2020, за да се отвори простор за првенствата да можат да се довршат во мај/јуни/јули. Од една страна, доколку сега заврши сезоната, клубовите ќе загубат многу пари, а од друга, доколку сезоната се поништи, постои можност да бидат поднесени бројни тужби, па во интерес на сите е фудбалот да продолжи за некој месец.

УЕФА е подготвена да им излезе во пресрет, но за одложување на Европското првенство бара 300 милиони евра, ова се трошоците за континенталниот собир да се игра следната година наместо од јуни до јули. Европската куќа на фудбалот сака оваа сума да биде покриена од клубовите, првенствата и федерациите.

Исто така, ќе се разгледува и проблемот со договорите кои истекуваат во јуни, со оглед на тоа дека првенствата можат да финишираат во јули.

Ќе се разговараат и за новите термини за мечевите во Лигата на шампиони и Лига Европа, и како ќе завршат овие две натпреварувања под капата на УЕФА.