24фудбал

УЕФА одреди нови термини за финалето во Лигата на шампиони и Лига Европа

Европската куќа на фудбалот одреди нови термини за финалето од Лигата на шампионите и Лига Европа, завршницата од најелитното натпреварување ќе биде на 27. јуни, додека пак три дена претходно ќе се игра завршницата во најмасовното натпреварување.

Лига на Шампиони

Состанокот на УЕФА се утше трае, но веќе на големо се пишува за дел од одлуките. Веќе излезе информацијата дека ЕВРО 2020 е одложено и ќе се игра следната година.

Последните извештаи на медиумите велат дека паднала и одлука за нови термини за финалето од Лигата на шампиони и Лига Европа. Завршницата од најелитното европско натпреварување ќе се игра на 27. јуни, а три дена претходно, на 24. јуни ќе биде завршницата од најмасовното натпреварување.

Се уште не е јасно кога ќе се играат одложените мечеви од осминафиналето, како и дуелите од четвртфиналето и полуфиналето, и дали може да има фајнл-фор завршница.