24фудбал

Македонија и Косово ќе играат во јуни со публика

Натпреварот од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово кој требаше да се игра на 26 март, е одложен за јуни.

Македонија

На денешната прес конференција е одлучено бараж натпреварите од Лигата на нации за пласман на Европското првенство да се играат во јуни оваа година.

УЕФА се уште не потврди точен датум, но од Косово најавија дека тоа ќе биде 2 јуни, додека финалето со подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија ќе се игра на 6 јуни.

Се очекува дуелот да се игра со публика, пред полн стадион, но се ќе зависи од состојбата со коронавирусот.