24фудбал

Во Јужна Америка не сакаат да ризикуваат, Копа Америка презакажана за идната година

Со оглед на големата неизвесна ситуација со коронавирусот, континенталните првенства се презакажуваат, истото ќе важи и за Копа Америка, која наместо годинава, својот турнир на програмата ќе го има идната година.

Јужна Америка

Од куќата на фудбалот во Европа веќе кројат планови за тоа како понатаму со оглед на ситуацијата со Коронавирусот, од Норвешка веќе известија дека Европското првенство ќе биде презакажано за идната година, а под будно око се следи и ситуацијата со Ковид-19 во Јужна Америка.

Иако таму ситуацијата не е алармантна како на европско тло, разбирлива е загриженоста, а секако и да не се ризикува, па така Јужно Американската Фудбалска Конфедерација потврди дека Копа Америка нема да се одржи годинава, туку идната.

Претседателот на Конмебол, Алехандро Домингез потврди дека натпреварувањето ќе се игра во периодот од 11 јуни до 11 јули во 2021. година, а оваа одлука доаѓа истовремено и со одлуката на УЕФА да го одложи Европското првенство.

Домингез, одлуката ја соопшти денеска во кратки црти во соопштение до јавноста во кое наведе дека ова е вонредна мерка за да се избегнат сите неочекувани последици од ширењето на коронавирусот.

Воопшто не беше лесно да се донесе една ваква одлука, но, мораме да се грижиме за здравјето на нашите фудбалери и сите оние се дел од фудбалското семејство на Јужна Америка, немам никакви дилеми во тоа дека најстарото интернационално натпреварување во светот ќе се врати многу посилно од било кога во 2021“ рече Домингез.

Кога сме веќе кај Копа Америка, идната година тоа натпреварување ќе го организираат Аргентина и Колумбија, а бранител на титулата е ланскиот домаќин Бразил кој во големото финале го совлада Перу со 3-1.