24фудбал

„Како да се сопре Меси? Се договоривме сите да го удриме по еднаш, да се ротираме!“

Фелипе Мело смета дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот и открива како со бразилската репрезентација се договориле да го сопрат.

Јужна Америка

За Фелипе Мело нема дилеми околу тоа кој е најдобар играч на светот. Тој вели дека тоа е Лео Меси, кажува зошто и објаснува како со соиграчите од бразилската репрезентација се договарале да го чуваат.

„Дали Меси е најдобар во светот? Мислам дека тој е најдобар во историјата. Не можам да кажам ништо за Пеле бидејќи не сум го гледал како игра. Имам меморија од Светскто првенство во 90. кога Аргентина го победи Бразил со гол на Каниџа. Има луѓе во Бразил кои велат дека Зико е подобар од сите, но прв пат кога го гледав него беше на неговиот проштален меч на Маракана. Па не можам да кажам дека Пеле, Марадона или Зико се феномени за мене. Го знам Меси и тој е феномен за мене. Подобар е од Кристијано Роналдо бидејќи Кристијано може да даде пет гола, но и Меси може да дадет пет гола но исто така и да направи неговите соиграчи да дадат голови, тој е покомплетен“, вели Мело.

„Тешко е да се чува Меси. Тој е посебен. Кога игравме со Бразил против него се договоривме да го удриме секој по еднаш, требаше да се ротираме. Тешко е да се чува таков играч, не можете да го чувате нормално. Кога велам да го удриме, не мислам да го удриме за да го повредиме, туку тактички фаул, да му го нарушиме ритамот, да го изнервираме“.