24фудбал

Добри вести за Ливерпул, ФА измени едно важно правило; Лоша вест е тоа што ќе нема фудбал до 30. април

Фудбалот во Англија нема да продолжи во брзо време, на денешниот состанок помеѓу ФА, Премиерлигата и ЕФЛ, едногласно е договорено првенството да биде суспендирано до 30. април.

Англија

Фудбалските власти во Англија денеска се сретнаа за да разговараат за продолжението од сезоната. По одлуката на УЕФА да го помести ЕВРО 2020 за следната година, домашните првенства и купови добија додатно време за сезоната да биде финиширана.

На состанок помеѓу ФА, Премиерлигата и ЕФЛ е договорено дека сезоната нема да биде прекината/поништена и ќе го дочека својот крај, фудбал ќе се игра кога условите ќе го дозволат тоа.

За таа цел, сменето е едно важно правило. Според регулативата на ФА, сезоната мора да финишира не подоцна од 1. јули, па бордот на ФА го промени правилникот, и одлучи дека ова нема да важи за сезоната 2019/20, односно лимитот е поместен на неодредено време.

Па фудбал на „островото ќе може да се игра и во јули и август месец, и ова е добра вест за Ливерпул, клубот од Енфилд се наоѓа на чекор до титулата, но постоеше ризик да остане без трофејот кој го чека 30 години поради коронавирусот.

Лоша вест е што фудбалот во Англија нема да продолжи во брзо време, сите страни се договориле суспензијата да остане на сила се до 30. април.