24фудбал

Луд план за спас на сезоната: Фудбал на секој 48 часа, Лига на шампиони во сабота плус мечеви во понеделник

Мундо Депортиво пишува дека првите луѓе на Ла Лига имаат луд план за спас на сезоната, ќе се игра фудбал на секој 48 часа, Лигата на шампиони ќе се игра во сабота а ќе има фудбалски мечеви и во понеделник.

Шпанија

Никој не знае кога епидемијата на коронавирус ќе биде ставена под контрола, но сите првенства ширум Европа прават планови за продолжување на сезоната.

Прекин на сезоната значи губење на многу пари, пред се од ТВ права а потоа од продажба на влезници, спонзорски договори итн, и тоа може да остави сериозна дупка во буџетите на клубовити, некои можеби и ќе згаснат па затоа се прават планови за спас на сезоната.

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Ла Лига има сценарио со кое ќе се играат по четири натпревари во десет дена, односно фудбал ќе има на 48 часа.

Сезоната би требало да продолжи на 16. мај, а клубовите две недели ќе имаат интензивни тренинзи со цел играчите да се подготват за пеколниот распоред.

За да има простор за сите натпреварувања, мечевите од Лигата на шампиони ќе се играат во сабота. Тој ден ќе има и натпревари од првенството на Шпанија, ќе играат клубовите кои не настапуваат во Европа. Клубовите кои играат во Европа, своите натпревари од Ла Лига ќе ги играат во понеделник.