24фудбал

Паоло Малдини и неговиот син имаат коронавирус

Директорот на Милан, Паоло Малдини и неговиот син Даниел кој игра за клубот се позитивни на коронавирус.

Италија

Милан потврди дека Паоло и Даниел Малдини имаат коронавирус.

„Милан може да потврди дека техничкиот директор Паоло Малдини бил во контакт со лице заразено од коронавирус и почнал и тој да појавува симтоми на вирусот. Тој синоќа беше тестиран и резултатот е позитивен. Неговиот син Даниел, кој е напаѓач на младинскиот тим на Милан и тренираше со првиот тим, исто така е позитивен. И двајцата се добри и веќе комплетираа две недели без контакт со други. Тие ќе останат во карантин додека клинички не се опорават“, се вели во соопштението на Милан.

Претходно беше соопштено дека и ѕвездата на Јувентус, Паоло Дибала е позитивен на коронавирус.