24фудбал

УЕФА ги одложи финалињата во ЛШ и ЛЕ, нови датуми се уште нема

Вечерва УЕФА донесе одлука да ги одложи финалињата во Лигата на шампионите и Лига Европа кои беа закажани за крајот на мај.

Лига на Шампиони

Финалето од Лигата на шампионите требаше да се игра на 30 мај во Истанбул, а во Лига Европа три дена претходно.

Фудбалот во светот е стопиран, па само прашање на време беше кога УЕФА и официјално ќе се произнесе дека финалињата се одложуваат.

Тоа се случи вечерва, УЕФА пресече и соопшти дека ги одложува финалињата, а датум дополнително ќе биде одреден во зависност и од другите натпреварувања.

„Се уште нема датум за финалињата. Составена беше работна група минатата недела како резултат на конференцијата. Опциите ќе бидат анализирани и ќе почнеме да креираме календар. Дополнително ќе соопштиме кога ќе има конкретни одлуки“, стои во дел од соопштението на УЕФА.