24фудбал

Пепе Рејна: М*да имаат оние кои се во изолација со три деца во 70м2 стан, тие луѓе се херои, а не ние фудбалерите

Голманот на Астон Вила, Пепе Рејна откри дека веројатно бил заразен со коронавирус, но не се тестирал бидејќи нема доволно тестови и раскажуваа како го поминува времето во изолација.

Англија

Пепе Рејна беше гостин во емисијата „Ел Партидазо“на КОПЕ. Шпанецот, кој во јануари се врати во Премиерлигата на позајмица од Милан во Астон Вила, говореше за епидемијата на коронавирусот и откри дека веројатно и тој бил заразен со Ковид 19.

„Минатата недела ги имав сите симптоми и ги превзедов сите мерки за да не ги заразам луѓето кои живеат со мене. Тука тестови не се прават освен доколку не ви е многу лошо. Разговарате со докторите, ви даваат совети, насоки... Ги имав сите симптоми, но не можам да кажам официјално бидејќи не направив тест, но сè покажуваше на тоа дека имам коронавирус. Се чувствував како да ме прегазил камион, сега сум добро“ – раскажува голманот.

„Ние фудбалерите сме привилегирани луѓе, живеам во голема куќа со голем двор, полесно ја поднесуваме изолацијата. Улицата е прилично затворена, имам само четири или пет соседи... имам поголема слобода да се движам, без проблем можам да извршувам физички активности. Но ги жалам луѓето кои живеат со три деца во 70м2 стан, тие луѓе имаат м*да, тие се херои, а не ние фудбалерите“.

Италија е најпогодена земја во Европа од епидемијата, а сериозна е ситуацијата и во Шпанија.

„Невозможно е да се дисконектирам од она што се случува во Шпанија, повеќе следам што се случува таму и во Италија отколку тука во Англија. Имам блиски пријатели на кои им е многу тешко и се погодени. Но колку построго се придружуваме до правилата, толку побрзо ќе се справиме со епидемијата. Мораме да бидеме примерни граѓани и да ги почитуваме правилата, мораме да останеме дома“.

Во моментов, фудбалот е суспендиран, сите земју прават планови кога ќе продолжи сезоната, но никој не знае кага коронавирусот ќе биде ставен под контрола, па само се поместуваат термините.

„Фудбалот во моментов не е важен. Здравјето на луѓето е пред сè друго. Не знам дали ќе играме повторно оваа сезона. Треба да бидеме внимателни кога зборуваме за датуми и крајни рокови. Јасно ми е дека има економски интерес и влогот е голем, но истото ова важи и во сите други сектори. Нема поента да играме без публика, луѓето мора да уживаат. Се чувствуваме поисполнети кога има луѓе на трибините. Кога ситуацијата ќе дозволи, кога ќе биде безбедно, ќе почнеме да играме“.