24фудбал

Во Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се согласија на пониски плати како помош за вработените

Убав гест на обата клуба, претходно и во Борусија Менхенгладбах фудбалерите имаа убав гест откако понудија дел од платите да се пренасочат кон вработените во клубот.

Германија

Фудбалерите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се согласија да им се намалат платите во кризата со коронавирусот која сериозно навлезе и во фудбалот, првенствата се суспендирани, а клубовите ги бројат своите загуби.

Во текот на вчерашниот ден, во обата клуба биле реализирани состаноци со фудбалерите, каде се разгледувале сите можни сценарија за тоа како понатаму, а речиси сигурно е дека предвидениот период од почетокот на април ќе биде пролонгиран за подоцна, што се однесува на евентуалното продолжување на фудбалските возбудувања сезонава.

„Билд“ известува дека фудбалерите во обата клуба се согласиле да зимаат пониски плати за 20% од предвиденото во нивните договори, а оваа политика се базира на идеите во клубот за кризата да нема никаков негативен ефект врз вработените, кои би можеле да останат без своите работни места.

Бундеслигата во моментов е суспендирана, а сето тоа како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, актуелната ситуација на табелата на девет кола до крајот на сезоната, гласи вака: Баерн Минхен 55, Борусија Дортмунд 51, Лајпциг 50, Борусија Менхенгладбах 49.