24фудбал

Жорж Жесус ги загуби нервите па им порача на новинарите: Да се заразите со коронавирус! (ВИДЕО)

Тренерот на Фламенго, Жорж Жесус се врати во Лисабон, беше пречекан од група навинари кои му одеа на нерви, па стратегот невкусно им порача да се заразат со коронавирус.

Останато

Откако првенството на Бразил беше прекинато, Жорж Жесус реши да се врати дома крај семејствотo во Португалија. Тренерот на актуелниот шампион на Јужна Америка денеска слета во Лисабон и на аеродромот беше пречекан од група новинари, кои сакаа да добијат некоја информација од стратегот за актуелната ситуација и епидемијата на коронавирус.

Но наместо изјава, тие само го налутија стратегот, кој на крајот ги загуби нервите и невкусно им порача: „Да се заразите со коронавирус“.

На почетокот од минатата недела, Фламенго соопшти дека Жорж Жесус бил позитивен на коронавирус. Сепак, тестот не бил целосно позитивен, па неколку дена подоцна беше направен втор тест, кој испадна негативен.

Исто така, Жорж Жесус неодамна загуби блисок поранешен соработник поради коронавирусот. Тој сега во Лисабон ќе треба да биде 14 дена во изолација.