24фудбал

Роналдо и Мендеш донираат милионска опрема за болници во Португалија

Кристијано Роналдо и неговиот агент, Жорж Мендеш донираа голема колична на опрема за португалските болници кои третираат пациенти заболени од коронавирус.

Останато

Двајцата опремиле две одделенија во лисабонската болница Санта Марија каде донирале 20 кревети, респиратори, монитори за срце, пумпи за инфузии, шприцови... а ќе опремат и одделение во болницата Санто Антонио во Порто.

„Сакаме да им заблагодариме на Роналдо и Мендеш за иницијативата која во овој момент ни е потребна на сите во државата“, изјави Пауло Барбоса, директорот на болницата Санто Антонио.

Во Португалија досега има преку 2000 заболени од коронавирус и 30 мртви.