24фудбал

Ривалите се здружија против Манчестер Сити, 8 клубови бараат „граѓаните“ да не играат во Лигата на шампиони

Според пишувањата на Дејли Мејл, ривалите на Манчестер Сити се здружиле и испратиле писмо до Судот за спортска арбитража со кое бараат да не им се дозволи на „граѓаните“ да играат во Лигата на шампиони.

Англија

УЕФА жестоко го казни Манчестер Сити, и за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, му забрани настап во Европа во следните две сезони.

„Граѓаните“ категорично ги отфрлија обвинувањата, велеа дека ова е политички процес, и доставија жалба до Судот за спортска арбитража.

Процесите пред ТАС траат долго, а работата дополнително се комплицира и со пандемијата на коронавирус која го зафати светот, па постои можност клубот од Етихад да игра во Лигата на шампиони во сезоната 2020/21. Сепак, ривалите на Манчестер Сити не сакаат ништо да ризикуваат, па и тие испратиле писмо до Судот за спортска арбитража.

Според пишувањата на Дејли Мејл, осум клубови побарале на „граѓаните“ да не им биде дозволен настап во Лигата на шампиони. Ова го сториле Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, Тотнем и уште три други клубови кои во моментов се во топ 10 на табелата.

Извор кој е добро упатен во случувањата, за Дејли Мејл вели: „Што е многу, многу е. Долг период Сити успеваше да се извлече и покрај тоа што ги прекршуваше правилата, и тоа на трошок на најмалку еден друг клуб, кој не можеше да обезбеди место во Лигата на шампиони.