24фудбал

„Тој меч во Милано беше биолошка бомба, немавме претстава што се случува...“

Градоначалникот на Бергамо верува дека мечот помеѓу Аталанта и Валенсија предизвика масивно ширење на коронавирусот во Италија, но и во Шпанија, каде исто така бројот на заболени расте од ден на ден, тој воедно се согласува со претходните констатации дека наведениот меч бил „биолошка бомба“.

Италија

Сите 40,000 навивачи кои присуствуваа на мечот од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија претходниот месец се заболени од коронавирусот, сугестира градоначалникот на Бергамо, од каде доаѓа Аталанта, Џорџо Гори.

Многумина тој меч кој инаку се одигра во Милано го опишаа како „биолошка бомба“, а во Италија и пошироко не беа свесни за опасноста која демне по здравјето на сите оние кои присуствуваат на тој меч.

Тој меч беше биолошка бомба, во тој период ние немавме претстава што се случува, првиот пациент во Италија беше на 23 февруари, а вирусот веќе почна да се шири, 40,000 навивачи кои беа на „Сан Сиро“ беа заболени, никој не знаеше дека вирусот циркулирал помеѓу нас, многумина тој натпревар го гледаа и во големи друштва, многу контакти имаше таа вечер, вирусот се ширеше од еден на друг“ вели Гори.

Италија е најзасегната на европско тло во битката со пандемијата од Ковид-19, вчера оваа земја потврди 743 смртни случаи во период од 24 часа, со што вкупната бројка на починати достигна 6,820, а активни случаи има 54,030.

Во соопштението кое Валенсија го објави на 16 март, потврди дека 35% од тимот бил позитивен на тестовите за коронавирусот, а во истото го спомена и големиот ризик да се игра на 19 февруари во подрачје кое е наведено како висок ризик од италијанските власти неколку дена потоа.