24фудбал

Одлагање на платите во Лидс, ќе следи и ограничување, Радризани ситуацијата ја опиша како катастрофална

Цели 18 години тимот од „Еланд Роуд“ чека на враќање во елитниот фудбалски шампионат на Островот, „Премеирлигата“, Лидс во моментов е на првото место на табелата во својата дивизија, со пет победи од исто толку меча до самата суспензија на фудбалот.

Англија

Водечкиот во „Чемпионшип“ дивизијата на Островот, Лидс започна преговори со своите фудбалери околу одлагање на исплатите во периодов со кризата околу пандемијата од Ковид-19, меѓутоа „Дејли Мејл“ наведува дека таа опција е првична во моментов, можно е ограничување на платите во периодот кој претстои.

Состанокот со членовите на сениорскиот тим од кој дел е воедно и нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски, се одвивал во текот на вчерашниот ден, а на Островот известуваат дека фудбалерите дале зелено светло за идејата на клубот.

Лидс реагираше навремено по предупредувачките сигнали од Рамадани, Алиоски и соиграчите под посебен режим

„Чемпионшип“ дивизијата во Англија во моментов е суспендирана како и останатите првенства, а како и другите, така и Лидс се соочува со голем притисок кој доаѓа од финансиски карактер во екот на пандемијата со коронавирусот.

Постојат повеќе опции на маса за Лидс и фудбалерите, една од опциите е ограничување на платите до 6,000 фунти на неделна основа, а фудбалерите наводно не би го попречиле тоа.

„Атлетик“ пренесе дека освен фудбалерите, рестрикциите би се пренеле и на тренерот Марсело Биелса и неговиот стручен штаб, а сопственикот на клубот, Андреа Радризани посочи дека постојат преговори во два правци кои ги обавува клубот периодов, тој не крие дека Ковид-19 носи голема штета на клубот во моментов.

Нашиот клуб периодот обавува разговори со две страни, со федерацијата од една, а со нашите фудбалери од друга страна“ рече Радризани во изјава за „Скај Спорт Италија“, а тој не крие дека Лидс ќе претрпи загуба од финансиска гледна точка поради ситуацијава со Ковид-19.

Ова е катастрофа, клуб како нашиот губи 8-10 милиони секоја година за да биде компетитивен, а никој не сака да одржува бизнис кој губи пари секоја година, оваа ситуација дополнително го оптоварува нашиот баланс, со тоа што не би имале пет меча пред своја публика, ќе загубиме 2,5 милиони фунти, со оглед на фактот што тоа е единствениот извор на средства бидејќи немаме слични средства како во Премиерлигата од ТВ правата“ заклучи Радризани кој со своето семејство е во Италија.

Како и да е, тимот од „Еланд Роуд“ на осум кола до крајот на актуелната сезона е во одлична позиција конечно да се избори за враќање во „Премиерлигата“ по пауза од цели 18 години, а нашиот репрезентативец Алиоски за Лидс на 30 меча сезонава успеа да постигне и 4 погодоци.