24фудбал

Барди за мечот со Косово: Тој е историски за нас, чекаме повеќе од 20 години за ова

Европското првенство е презакажано за идната година, а „Националната Арена Тодор Проески“ ќе биде местото каде нашите фудбалери можат да тргнат до испишување на нови страници од нашата фудбалска историја во јуни, доколку не се случи ново одлагање.

Македонија

Одложениот меч помеѓу Македонија и Косово во полуфиналето од Лигата на нации ќе се игра на 4. јуни, наместо претходно предвидениот термин на 26 март, и сево ова поради ситуацијата со коронавирусот која донесе многу одлагања на фудбалските првенства ширум Европа и општо светот.

Нашиот репрезентативец од редовите на Леванте, Енис Барди е задоволен од тоа што мечот со Косово е презакажан, иако постоеа најави тој да се игра без присуство на публика, тој вели дека ова е историски меч за нашата земја и истиот мора да се игра пред полни трибини, вели дека во ваква состојба нашиот тим би бил значително ослабен со големите неизвесности околу нашите интернационалци од Италија, како и самиот тој.

Тоа не ме плашеше многу, во прашање беше моето патување за Македонија и сметам дека би имал многу проблеми околу патувањето, впрочем, имаме фудбалери кои доаѓаат од Италија како Пандев, Елмас, Несторовски, а не беше познато дали тие би имале право на настап, тоа за нас ќе беше голем проблем, сите тие тројца се мошне значајни во нашиот тим, јас истиот меч би го пропуштил ако се земе во предвид дека и јас би имал проблем да ја напуштам Шпанија“ вели нашиот интернационалец од составот на шпанскиот прволигаш.

Мечот со Косово беше предвиден да се игра во Скопје, а ние сакавме да играме пред полни трибини, со нашите навивачи кои се значаен дел од сево ова, овој меч за нас е историски, а од спортска гледна точка убаво би било да играме пред нашите навивачи, бидејќи чекаме повеќе од 20 години за Македонија да се пласира на Европско“ додава македонскиот репрезентативец, а потоа накратко опишува како е состојбата во нашата земја, каде е во многу блага форма во споредба со Шпанија, каде престојува тој.

Во Македонија во моментов се живее нормално, бидејќи нема многу случаи, моето семејство мошне внимателно ја следи ситуацијата, се надевам никој нема да биде заболен, го посакувам најдоброто за ситевели Барди во интервјуто за „Супердепорте“.


Фото-вест: ffm.mk (архива)