24фудбал

Нојер: Ние сме привилигирани луѓе и мора да прифатиме намалување на платата

За разлика од некои други фудбалери, голманот на Баерн Минхен се согласува со иницијативата за намалување на платата со цел да им се помогне на оние со помали примања кои можат и да останат без работа.

Германија

Баерн Минхен за 20% ќе им ги намали платите на фудбалерите во престојниот период со цел да се покријат трошоците на другите вработени во клубот во периодот кога не се инкасираат приходи.

Некои фудбалери од другите клубови се бунат на ваквите мерки иако зимаат неколку милиони годишно, но има и такви како Нојер кои се свесни дека тие мора да се откажат од дел од огромните примања за да спасат луѓе кои имаат далеку помали плати.

„Ние сме во привилигирана професија, па јасно е дека треба да прифатиме редуцирање на платата кога тоа е неопходно“, изјави Нојер.

„Баерн има околу 1.000 вработени и има уште многу луѓе околу клубот кои извршуваат важни работи. Сакаме да им помогнеме нив како тим и да им понудиме безбедност“.