24фудбал

Гравина: Не сум човек кој лесно се откажува, ако треба Серија А ќе се игра и во август

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина ја отфрла идејата сезоната во Серија А да биде завршена предвреме.

Италија

Ситуацијата со коронавирусот не стивнува, но се очекува состојбата полека да почне да се стабилизира. Сепак никој не може да прогнозира кога комплетно ќе стивне и Италија ќе може нормално да функционира.

Преместувањето на Европското првенство и Олимписките игри дава можност сезоната во домашните првенства да се заврши доцна, а тоа ги зголемува шансите регуларно да бидат прогласени шампионите.

„Додека можам ќе се борам, не ја губам надежта дека сезоната ќе продолжи. Ќе направам сè за тоа да се случи. Не се предавам лесно“, вели претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.

„Свесен сум дека се уште е рано да мислиме на датум, но мора да размислуваме позитивно. Ако треба ќе играме и во јули и август“.

„Во овој момент нема простор за индивидуални интереси. Утре имаме нов состанок со владата, ќе работиме на серија мерки кои можат да им помогнат на клубовите во оваа кризна ситуација“.