24фудбал

Адеми е мета на големи критики во Хрватска, капитенот на Динамо не сака да игра за помала плата

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми одбива смалување на платата со цел Динамо Загреб да ја преброди кризата која настанува поради коронавирусот.

Македонија

Аријан Адеми е на мета на хрватските медиуми бидејќи не сака да му биде намалена платата во период кога сите се соочуваат со голема криза поради коронавирусот која допрва ќе се продлабочува.

Клубовите секаде во светот бараат фудбалерите да се откажат од дел од своите огромни плати за доброто на клубот и останатите кои работат во него.

Конкретно Динамо Загреб побара од своите фудбалери да се согласат на намалување од 30% на платата. Но капитенот Аријан Адеми кој треба да биде пример за останатите не се согласил на тоа.

Хрватските медиуми распукаа по Адеми бидејќи Динамо Загреб го држеше под договор и кога тој беше суспендиран поради допинг, а во првата ситуација во која македонскиот фудбалер може да му помогне на клубот, тој одбива да го направи тоа.

Тие се речиси едногласни, однесувањето на Адеми е срамно и тој не заслужува да биде капитен на Динамо Загреб.